Министерството за образование и наука информира дека сите студенти кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија во учебната 2020/2021 година преку редовниот и дополнително објавениот конкурс, потребно е најдоцна до 12.2.2021 година да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на добитникот на стипендијата да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).
Договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите за доделување на студентските стипендии:
https://mon.gov.mk/content/?id=3584
https://mon.gov.mk/content/?id=3624
https://mon.gov.mk/content/?id=3710
Согласно конкурсните услови, сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок, ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.
Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.