Весна Јаневска е родена на 27.6.1958 година во Скопје.
Дипломирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се стекнува и со звања доктор на медицина, специјалист по патологија и доктор на науки.
Зборува англиски јазик.
Работно искуство
Од 2011 година работи на Институт за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје како специјалист патолог и редовен професор.
Во периодот од 2011 до 2020 година била менаџер за квалитет на Институтот за патологија.
Од 2006 до 2011 година работи на Институтот а патологија при Медицинскиот факултет како специјалист патолог и вонреден професор.
Од 2006 до 2008 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.
Од 2002 до 2004 година е шеф на Катедрата по патологија.
Од 2001 до 2006 година е доцент, специјалист патолог на Институтот за патологија.
Од 1992 до 2001 година е асистент и специјалист по патологија на Институтот за патологија.
Од 1987 до 1990 година е доктор на специјализација во Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.
Од 1983 до 1987 година е доктор по општа пракса во Болницата за душевни болести во Демир Хисар.
Публикации
Проф. д-р Весна Јаневска е автор и коавтор на 114 стручни и научни трудови објавени во интернационални и домашни списанија, со објавени рецензии во Билтените на УКИМ и автор и коавтор на 120 стручни и научни трудови од 2011 -2022 објавени во интернационални и дoмашни списанија (увид на ResearchGate).
Проекти
- „Скрининг, дијагноза и постсмртно испитување на вродени дисплазии на скелетот“;
- „Создавање на постоперативен дијагностички и терапевски протокол кај тумори на плунковните жлезди со користење на хистопатолошки и радиолошки критериуми“;
- „Евалуација на ефектите од хемотерапијата кај остеосаркомите“;
- „Имунофенотипски и генетски профил на тумори на простата, колоректум, скелет и хронични миелопролиферативни заболувања“.
Членство во здруженија и организации во рамки на фелата
Член е на Лекарската комора на Македонија, Конзилиум за Саркома при Медицинскиот факултет, Македонското патолошко друштво, Европското патолошко друштво, Македонското друштво за морфолошки науки и Македонското здружение на лекари.
За својата работа добила признание од Македонското лекарско друштво - Повелба “Др Трифун Пановски“ за исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и развојот на здравствената заштита.