Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачи институции во Велика Британија за 2025 година.
Стипендијата изнесува 1000 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1200 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.
Услови за конкурирање:
· Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00;
· Одлично познавање на англиски јазик;
· Да не се постари од 30 години во академската година на студискиот престој;
· Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.
Потребни документи за конкурирање:
1. Молба, вклучително адреса на живеење, е- mail и контакт телефон ;
2. Биографија (CV);
3. Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;
4. Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој;
5. Копија од диплома за завршено образование;
6. Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови;
7. Потврда за познавање на англискиот јазик (TOEFL, IELTS или слично)
8. Пополнета апликација преземена од www.britishscholarshiptrust.org и две фотографии.
Пополнетата апликација и другите потребни документи треба да се поднесат директно на канцеларијата на British Scholarship Trust на e-mail: chairperson@britishscholarshiptrust.org и до Министерството за образование и наука на e-mail: aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk.
Крајниот рок за поднесување на документите е 01 април 2025 година.
Подетални информации може да се обезбедат преку www.britishscholarshiptrust.org или на e-mail: aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk