Сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk.
Одбиените кандидати имаат можност да поднесат жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на Бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11).
Добитниците на стипендија НЕ треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението.