Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите од Конкурсите за издавање на учебници за III и IV година средно стручно четиригодишно образование за следните предмети:
1. Одржување на железнички возила за 3-та година СТРУКА/СЕКТОР: СООБРАЌАЈНА/СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ Образовни профили/квалификации: Техничар за железнички сообраќај
2. Технологија на железнички транспорт за 3-та година СТРУКА/СЕКТОР: СООБРАЌАЈНА/СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ Образовни профили/квалификации: Техничар за транспорт и шпедиција
3. Експлоатација на железнички возила за 3-та година СТРУКА/СЕКТОР: СООБРАЌАЈНА/СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ Образовни профили/квалификации: Техничар за железнички сообраќај.
4. Манифестациски туризам за 3-та година СТРУКА/СЕКТОР: УГОСТИТЕЛСКО ТУРИСТИЧКА/УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ Образовни профили/квалификации Техничар за настани и анимации
5. Математика за економисти за 4-та година СТРУКА/СЕКТОР: ЕКОНОМСКО ПРАВНА И ТРГОВСКА/ЕКОНОМИЈА, ПРАВО И ТРГОВИЈА Образовни профили/квалификации: Економски техничар.
6. Флористика (изборен) за 4-та година СТРУКА/СЕКТОР: ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА/ЗЕМЈОДЕЛСТВО, РИБАРСТВО И ВЕТЕРИНАРСТВО Образовни профили/квалификации: Агротехничар.
Отварањето на шифрите за горенаведените наставни предмети ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 - 13 кат на 04.11.2024 година (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 11 часот.