Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска: Бизнис заедницата е важен фактор во процесот на синхронизирање на образовниот систем со пазарот на трудот

Јаневска: Бизнис заедницата е важен фактор во процесот на синхронизирање на образовниот систем со пазарот на трудот

 

Јаневска: Бизнис заедницата е важен фактор во процесот на синхронизирање на образовниот систем со пазарот на трудот

 

 

Стопанската комора е важен претставник и застапник на бизнис заедницата, без која пак, ниту една образовна политика не би била доволно ефективна, доколку не ги отсликува потребите на компаниите од кадар и не ги интегрира нивните сугестии за вештини и способности кои образовниот систем треба да ги овозможува како одговор на предизвиците со кои тие се соочуваат или ќе се соочуваат низ работните процеси во иднина.

 

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средбата со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

 

- Разговаравме за можностите за проширување на концептот на дуално образование во иднина и за системско уредување преку усвојување на нов Закон за стручно образование и обука кој е во фаза на изработка, а Стопанската комора активно учествува во процесот, изјави Јаневска.

 

На средбата се разговараше и за поголемо вклучување на компаниите кои ќе соработуваат со стручните училишта, за повеќе можности за прием на ученици на практична обука, поддршка во форма на стипендии и друга финансиска стимулација, загарантирано работно место по формализација на образованието и така натаму.

 

- Бизнис заедницата е важен фактор во механизмот за синхронизирање на образовниот систем со пазарот на трудот, како процес чија цел е заеднички интерес, а тоа е намалување на невработеноста во државата и раст на економијата. Ниту институциите, ниту пак бизнисот не може да напредува ако делуваме индивидуално, без добро планиран заеднички пристап, рече Јаневска.

 

Министерката изрази и благодарност до Стопанската комора што се одзва на нејзиното барање за спонзорирање на дел од учениците од Македонија кои годинава учествуваа на меѓународни научни олимпијади, во услови кога министерството сè уште нема законски основ да исплаќа средства за оваа намена на средношколци.

 

Според претседателот на СКСМ, Азески, средбата со министерката била кратка, но конструктивна и заедно ги договориле следните чекори во насока на поквалитетен систем на дуално образование во средните училишта, а ќе се направат напори овој концепт да се примени и во високото образование.

 

- Присуството на странските инвеститори, па и водечките домашни компании имаат потреба од нови технологии кои се значајни за зголемување на конкурентноста. Ние ќе имаме додадена вредност на нашите производи, ако ги намалиме трошоците во нашата земја, ако создадеме кадар кој нема да ја напушта татковината и ако во буџетот се одвојат доволно средства за развоја на образованието, рече Азески.  

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar