Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Министерката Јаневска се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри

Министерката Јаневска се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри

 

Министерката Јаневска се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри

 

 

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска се сретна со амбасадорот на Италијанската Република, Н.Е. Андреа Силвестри на која се разговараше за соработката помеѓу двете држави во областа на образованието и науката. Соговорниците изразија задоволство добрите билатерални релации, но и подготвеност за отпочнување нови иницијативи.

 

Јаневска го информираше амбасадорот за отпочнатите приоритетни промени во основното и средното образование, како и за активностите кои ќе следат согласно програмата за работа на МОН и Владата.

 

Тема на дискусија беше и можноста која ја имаат учениците во Македонија да го изучуваат италијанскиот јазик како втор изборен предмет во основното и средното образование, но и заложбите за проширување на изучувањето на овој предмет, за што во следниот период ќе се остварат и средби со Здружението на наставници по италијански јазик.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar