Министерството за образование и наука информира дека покраинската влада на Штаерска, во соработка со Европскиот младински форум Нојмаркт (European Youth Forum Neumarkt), за прв пат организираат средба на млади од регионот на Западен Балкан, Војводина, Италија, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија и Украина.
Настанот ќе се одржи од 10.06-14.06.2024 во Нојмаркт, Штаерска. Повеќе информации на следниот линк.