Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Реформираното образование промовира ненасилство, но и ги учи младите за опасностите од злоупотребите на дигиталната технологија

Шаќири: Реформираното образование промовира ненасилство, но и ги учи младите за опасностите од злоупотребите на дигиталната технологија

 

Шаќири: Реформираното образование промовира ненасилство, но и ги учи младите за опасностите од злоупотребите на дигиталната технологија

 

 

Образованието има клучна улога во градењето на младите како личности кои покрај знаењата и вештините имаат и вредносни норми за нивна примена. Затоа, Министерството за образование и наука делува во насока на градење ненасилни личности, истовремено овозможувајќи младите да стекнат знаења да ги препознаваат и да се справат со опасностите што се кријат зад секој клик. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на презентацијата на Водичот  за препознавање и спречување на сајбер-насилство и стекнување на вештини за примена на мерки за сајбер безбедност, во рамки на проектот подржан од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

 

Министерството за образование и наука делува во рамките на Националната стратегија и Акцискиот план за сајбер безбедност, со цел да се зголемат свеста и познавањата од областа на сајбер безбедноста, на сите нивоа на образование и кај сите чинители во образованието.

 

„Со реформата на воспитно-образовниот систем, преку наставните програми го промовираме ненасилното решавање на конфликтите но и превентивата и мерките за справување со насилство, вклучително и сајбер насилството. Во Програмата за обуки за стручно усовршување на наставниците, што е документ што на годишно ниво го носи министерот за образование и наука, посебен модул е: создавањето безбедна и стимулативна средина за учење - Справување со врсничкото насилство и сајбер-насилството. Зајакнување на професионалните компетенции преку обуки минуваат и стручните соработници, како важна алка во воспитно – образовниот процес каде учениците првично се обраќаат да ги надминат предизвиците“, рече Шаќири.

 

Обуките за сајбер безбедност за учениците, наставниот кадар и за родителите се дел од редовните активности на МОН со меѓународни партнерски организации, додека со Министерството за информатичко општество се организираат работилници за подобрување на дигиталните вештини не само на децата и младите луѓе, туку и на родителите и наставниците.

 

„Во 40 основни училишта поставивме нова информатичко-комуникациска опрема, при што пребарувањето на содржините е ограничено само на образовните потреби, овозможувајќи безбеден пристап до интернет“, укажа Шаќири, посочувајќи дека без оглед на различните мислења, борбата против сајбер насилството е континуирана, вклучува бројни активности и преку различни форми ги сондира реалните состојби и мислењата за нивно надминување, вградувајќи ги во документи кои повлекуваат делување на институциите.

 

Заблагодарувајќи се на пријателска Канада за безрезервната помош во јакнењето на капацитетите на младите луѓе и наставниците за да бидат победници во судирот со сајбер-насилството, министерот Шаќири наведе дека градењето свет во кој сајбер насилството не е прифатливо е можно само со заедничка работа на чинителите во воспитно-образовниот процес но и сите засегнати во општеството и меѓународната заедница.

 

Промовираниот Водич е базиран на истражување врз примерок од 500 ученици, со цел да се идентификуваат знаењата на студентите за сајбер нападите и сајбер криминалот, како и тоа колку младите знаат и ги применуваат методите за заштита во сајбер просторот што го користат.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar