Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: соочени со бројни предизвици, наставниците успеваат да го дадат максимумот и да создаваат нови квалитетни генерации

Шаќири: соочени со бројни предизвици, наставниците успеваат да го дадат максимумот и да создаваат нови квалитетни генерации

 

Шаќири: соочени со бројни предизвици, наставниците успеваат да го дадат максимумот и да создаваат нови квалитетни генерации

 

Јасно е дека во денешно време, не е лесно да се биде наставник. Имавме пандемија и отежнат образовен процес во форми различни од вообичаената. Се соочивме со безбедносни ризици. Доаѓаат нови технологии, вештачка интелигенција. Генерално, просветителската дејност е соочена со бројни предизвици кои ги носат глобалните промени во оваа и сите останати сфери и токму таквите промени имаат посилно влијание или да речам, земјите во развој малку потешко се адаптираат. Сепак, наставниците успеваат да го дадат максимумот и да создаваат нови квалитетни ученички и студентски генерации.

 

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на стручната научна расправа на тема: Наставничката професија во современиот образовен и општествен контекст што се одржа на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а по повод утрешниот патронен празник на високообразовната установа.

 

Шаќири рече дека Владата спроведува план за менување на состојбите кон подобро, односно го олеснува работењето на наставниот кадар, го зголемува дигнитетот на наставниците во општеството и мотивацијата за работа постојано расте.

 

„Само во време на мојот мандат, кој започна во јануари 2022 година, платите на вработените во основните и средните училишта се зголемени за околу 35% - поточно од септември 2022 за 15%, од јануари 2023 за 3% и од септември 2023 за нови 15%. Во истиот овој период, реконструирани се над 120 училишни објекти, изградени се 7 нови училишни објекти и 7 нови спортски сали. Набавена е современа информатичко – комуникациска опрема во голем дел од училиштата, а во сите училишта пак, има целосно нови кабинети по природни науки и нова опрема во кабинетите по општествени науки. Сето ова значи и подобри услови за работа на наставниците“, рече Шаќири.

 

Тој додаде дека посветено е сериозно внимание и на професионалниот развој на  наставниците. Околу 15.000 наставници и стручни соработници поминаа низ систем на обуки во текот на 2022 година, додека во 2023 година беа опфатени над 18.000 наставници и стручни соработници.

 

Истовремено, продолжија и можностите за кариерно напредување на наставниците во звање ментор. Во 2022 година унапредени се 47 наставници. На повикот во 2023 година пристигнаа 185 апликации и во моментов се евалуираат.

 

„Направивме напори да се подобри и статусот на универзитетските професори. Имаме колективен договор потпишан во 2021 година со кој се зголемуваат правата на наставниот кадар, се зголемија платите и започна исплатата на минат труд, што порано не беше обврска, туку оставено на добра волја на секој раководител на високообразовна установа. Вложивме околу 240 милиони денари во набавка на нови лабораториски ресурси и во реализација на научно- истражувачки проекти од посебен јавен интерес“, потенцираше министерот.

 

Шаќири рече дека наставниците се најважната алка во воспитно – образовниот процес и од нив најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат во образовните установи. Изрази уверувања дека општествениот и материјалниот статус на наставниот кадар ќе продолжат да се унапредуваат и во иднина.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar