Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Презентација на програмата СОЅТ (Cooperation in Science and Technology in Europe) на Фармацевтскиот факултет во Скопје

Презентација на програмата СОЅТ (Cooperation in Science and Technology in Europe) на Фармацевтскиот факултет во Скопје

 

Презентација на програмата СОЅТ (Cooperation in Science and Technology in Europe) на Фармацевтскиот факултет во Скопје

 

 

На 20.11.2013 година во рамките на активностите на научниот клуб на Фармацевскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје на педесетина учесници им беше презентирана програмата за финансирање на мрежи за истражување и иновации СОЅТ (Cooperation in Science and Technology in Europe).

Модератор на овој настан беше проф. д-р Ѓоше Стефков, продекан за наука и меѓународна соработка, поздравен говор одржа деканот на Фармацевскиот факултет проф. д-р Зоран Стерјев кој  ги додели и наградите за најдобар научник и научен потенцијал за 2022 година.

Исто така беа презентирани  прогресот и резултатите на докторандите на Фармацевскиот факултет а фирмата за менаџмент и консалтинг СЕГ Холдинг ги презентираше можностите за аплицирање на Еразмус +.

Сите заинтересирани кои сакаат во нивната институција да се презентира програмата СОЅТ (Cooperation in Science and Technology in Europe) можат да го контактираат националниот координатор Александар Тутновски.

Е-маил: aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk

тел: 076 485 053

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar