Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен оглас за рецензенти на учебник

Јавен оглас за рецензенти на учебник

 

Врз основа на член 13 и член 16 став 1 а согласно Упатството за спроведување на постапка за давање одобение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование и Упатството за изменување на Упатството за спроведување на постапка за давање одобение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование, директорот на Педагошката служа, распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебник

 

1.      Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба,  ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

 

2.      Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметот:

- Деловен англиски јазик за II година СЕКТОР/СТРУКА  Економско-правна и трговска струка, Економија , право и трговија, за образовните профили /квалификации: Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг во средното стручно образование со четиригодишно траење.

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од средни училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),


- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

-потврда за работно искуство издадена од АВРСМ

-потврда од установата во која е вработен.

Пријавата може да се преземе тука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на  Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е  06.11.2023 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar