Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“ доби ново спортско игралиште

МОН: Струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“ доби ново спортско игралиште

 

МОН: Струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“ доби ново спортско игралиште

 

Продолжуваат инвестициите во образовна инфраструктура насочени кон подобрување на условите за едукација и спортски активности на децата и младите. Денеска беше свечено отворено новото спортско игралиште во струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо“, со што средношколците добиваат модерен простор каде ќе ги реализираат часовите по физичко воспитување и каде ќе можат да се организираат рекреативни активности фудбал, ракомет, кошарка, одбојка.

Обиколка на новото игралиште направија министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и директорката на гимназија „Др.Ибрахим Темо“ Бесиме Јонузи. Инвестицијата е финансирана од блок дотациите што ги добива училиштето, во соработка на локалната самоуправа и ресорното Министерство.

 

Министерот Шаќири им посака на учениците активно да го користат игралиштето и да постигнуваат високи спортски резултати. Исто така, денеска им беа доделени признанија и награди на учениците од деветто одделение со најдобри есеи на тема “Училиштето мој втор дом”.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar