Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Решение за продолжување на рок на конкурс за издавање на учебници во деветгодишно основно образование објавен на ден 21.3.2023 година

Решение за продолжување на рок на конкурс за издавање на учебници во деветгодишно основно образование објавен на ден 21.3.2023 година

 

Врз основа на член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010 и 51/2011) и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019 и 110/2019), член 12 став 3 и член 14 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр.98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/2015, 217/2015, 30/2016 и 21/2018), Министерството за образование и наука – Педагошка служба, го донесе следното

 

 

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за продолжување на рок на КОНКУРС

за издавање на учебници во деветгодишно основно образование заведен под арх.бр.26-609/1 објавен на ден 21.03.2023 година

 

 

1.      Рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници во деветгодишно основно образование СЕ ПРОДОЛЖУВА заклучно со 31.05.2023 година.

2.      Понудите за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

3.      Решението е составен дел на Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование заведен под арх.бр. 26-609/1 објавен на ден  21.03.2023 година.

4.      Решението стапува на сила веднаш и истото ќе се објави на веб страна на министерство и во медиуми.

 

 

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar