Министерство за образование и наука

  / Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК / Активности во март на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

Активности во март на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

 

Успешната соработка во рамките на Твининг проектот продолжи и во март 2023 година и се демонстрираше преку реализацијата на пет активности и на шестиот состанок на Управниот одбор на проектот. Првиот ден од март беше резервиран за состанокот на Управниот одбор на проектот, каде што Министерот за образование и наука г. Јетон Шаќири, лидерите на проектот, постојаните твининг советници (ПТС), лидерите на компонентите, одговорните за мониторинг и другите важни чинители се осврнаа на напредокот на проектот во претходниот квартал. Членовите на Управниот одбор дискутираа за постигнатите резултати и дадоа согласност за содржината на следниот работен план.

 

Фотографии (горе и долу): Шести состанок на Управниот одбор во Клубот на пратеници

Поголемиот дел од активностите во март се реализираа во рамките на компонентата 2 наменета за обезбедување поддршка во понатамошната имплементација и зајакнати капацитети на Националната рамка на квалификации во согласност со рамката за обезбедување квалитет. Активноста 2.2.1 се организираше од 6 до 10 март 2023 г.  Г. Паулиус Балтокас и г-ѓа Одета Купетиене од Литванија беа поканети да изработат лесни упатства наменети за секакви корисници, за транспарентно вклучување на стандарди за квалификации/за занимање (на сите нивоа) во дигиталниот регистар на НРК. Целта на упатствата е да се опфатат процедурите за поднесување квалификации и стандарди, како и за нивна ревизија и вклучување во регистарот, а воедно и презентирање информации наменети за јавноста со различни цели, меѓу кои и за меѓународно признавање на националните квалификации. Двајцата експерти исто така одржаа и работилница за подигање на свеста наменета за релевантниот персонал, за вклучување на стандардите за квалификации/за занимање (на сите нивоа) во дигиталниот регистар на НРК, како и за презентирање информации на пошироката јавност.

Фотографија: Работилница за вклучување на стандарди за квалификации/за занимање во дигиталниот регистар на НРК

Во текот на истата недела и паралелно со активноста 2.2.1 се одржа и друга активност во рамките на компонентата 4 насочена кон подобрување на меѓусебното поврзување на дигиталниот регистар на НРК и негова усогласеност на национално и европско ниво. Целта на оваа мисија беше да се финализираат практичните кратки прирачници за управување со и обезбедување квалитет на дигиталниот инпут во регистарот на НРК врз основа на изработените препораки од активноста 4.1.1, имплементирање на компоненти од препораките на Европската Унија за дигитални регистри на НРК, како и вклучување на инпутот на претставниците на ЗК од првата мисија во рамките на активноста. Две експертки од Словенија - г-ѓа Уршка Марентиќ и г-ѓа Ника Мустар се сретнаа со релевантните засегнати страни и ги финализираа прирачниците за управување со и обезбедување квалитет на дигиталниот инпут во регистарот на НРК.

 

Третата недела од март беше резервирана за првата мисија во рамките на активноста 2.1.4, насочена кон обезбедување поддршка при изготвувањето на извештајот за поврзување на НРК со Европската рамка на квалификации – ЕРК, во согласност со новите процедури за поврзување од 2017 г.). Експертите од Литванија и Словенија: Алмантас Шерпатаускас, Лина Ваиткуте, Уршка Марентиќ и Ника Мустар понудија поддршка за ревидирање на извештајот за поврзување на НРК со ЕРК и само-потврдување со рамката на квалификации на Европскиот простор за високо образование (QF-EHEA 2016). На 14, 15 и 16 март 2023 г. се одржаа средби со претставници на Министерството за образование и наука, Агенцијата за квалитет во високото образование и Центарот за образование на возрасните, со цел да се координира ажурирањето на извештајот за поврзување. Состаноците се искористија за разгледување на резултатите од активноста 2.1.2, за дискусија во однос на ревидирањето на извештајот за поврзување каде што треба да се земат предвид новите процедури за поврзување од 2017 г., критериумите и процедурите за поврзување на националните рамки или системи за квалификации со Европската рамка на квалификации (ЕРК), како и принципите за обезбедување квалитет за квалификациите што се дел од националните квалификации. Работната група се фокусираше на промените што настанале по последниот извештај за поврзување од 2016 година.

Фотографии (горе и долу): Дискусии со чинителите за ажурирање на извештајот за поврзување

Компонентата 2, која и натаму беше во фокусот во март, дополнително се имплементираше преку активноста 2.1.3. Целта на активноста беше да се обучат претставници на релевантни институции преку практичен трансфер на знаење и експертиза, за системи за внатрешно обезбедување квалитет (ОК) во високото образование. Двете експертки Нора Скабурскиене и Ана Тецилазиќ прво спроведоа истражување за специфичните институционални потреби поврзани со внатрешното ОК. Истражувањето се спроведе преку прашалник кој го одговорија релевантните институции. Одговорите се искористија за идентификување на соодветните теми што треба да се вклучат во програмата за обука. Обуката се состоеше од воведна презентација и дискусија за најдобрите практики за обезбедување квалитет во Литванија и Хрватска (принципи, пристапи, аспекти поврзани со воведувањето и спроведувањето кои произлегуваат од искуството на различните земји), како и за грешките што не треба да се повторат. Тридневната обука се организираше во Штип, Скопје и Охрид од 21 до 23 март 2023 г., при што претставници на високообразовните институции вклучени во функционирањето на системот за внатрешно ОК можеа да разменат искуства и да го дадат својот придонес во однос на темите.

 

Фотографии (горе, во средина и долу): Еднодневна обука за високообразовните институции вклучени во функционирањето на системот за внатрешно ОК во Штип, Скопје и Охрид

Последната недела од март беше резервирана за активноста 2.2.3 насочена кон развивање стандарди за квалификации за наставници од основно и средно образование, за персоналот за поддршка во училиштата и експертите за образовни услуги (педагози и психолози), како и развивање стандарди за квалификации за секторот туризам и угостителство како национален приоритет. Целта на мисијата што се одржа од 27 до 31 март 2023 г. беше да се координира развивањето на нацрт-стандардите за занимање/квалификација, во согласност со Законот за НРК и Прирачникот за развивање нови квалификации за НРК. Според својата експертиза, експертите Алан Анрие, Изабел Фрошо, Раса Пилкаускаите-Валикиене и Лета Дромантиене се сретнаа со колеги од високообразовните институции од областа на педагогијата и специјалната едукација и рехабилитација, од областа на психологијата, како и од областа на туризмот, угостителството и бизнис логистиката, и дискутираа за нацрт-стандардите за занимање и квалификација. Формираните работни групи ќе продолжат да работат на нацртот во согласност со дадените насоки од експертите, со цел да се изработи верзија која ќе ги исполни сите барања на секторот.

 

 

Фотографии (горе, во средина и долу): Дискусии во рамките на работните групи за изработување на стандардите за занимање/квалификација од областа на педагогијата, психологијата и туризмот и угостителството

Овој билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на Твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК

Back to top
Close Offcanvas Sidebar