Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: по усвојување на измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, ќе продолжи редовната исплата на зголемениот надоместок

МОН: по усвојување на измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, ќе продолжи редовната исплата на зголемениот надоместок

 

Министерството за образование и наука информира дека во соработка со пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се работи на унапредување на законското решение за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира меѓудругото и зголемување на дневниот паричен надоместок.

Предлог измените на законот за новото системско решение се во собраниска процедура и по нивно усвојување, исплатата ќе продолжи редовно, а студентите кои го остваруваат ова право, на своите трансакциски сметки ќе го добиваат зголемениот износ.  

Министерството дава поддршка за побрзо донесување на законските измени, а во меѓувреме ги врши сите потребни подготовки, односно собирање на потребните информации од надлежните институции за брза исплата на средствата, веднаш по стапување во сила на измените на законот.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar