Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Второто полугодие почнува на 23 јануари, апелираме училиштата да користат субвенционирана енергија

МОН: Второто полугодие почнува на 23 јануари, апелираме училиштата да користат субвенционирана енергија

 

МОН: Второто полугодие почнува на 23 јануари, апелираме училиштата да користат  субвенционирана енергија

 

 

Министерството за образование и наука информира дека учебната година продолжува на 23 јануари. Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари почнува на 23  јануари (понеделник),  со физичко присуство за сите ученици. Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење.

 

Со оглед на тоа што дел од јавните основни и средни училишта сè уште ја немаат искористено поволноста за снабдување со субвенционирана електрична енергија, апелираме до раководствата на образовните установи и општините како нивни основачи, да ја реализираат оваа можност. Со тоа, училиштата ќе ги намалат трошоците за електрична енергија и ќе се овозможи непречено одржување на настава со физичко присуство до крајот на учебната година.

 

Одговорноста на секој чинител во реализацијата на воспитно-образовниот процес придонесува за повисок квалитет на образованието.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar