Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Одговорниот однос кон здравјето се учи од најрана возраст, заедно со СЗО и УНЕСКО ја подобруваме благосостојбата на учениците

Шаќири: Одговорниот однос кон здравјето се учи од најрана возраст, заедно со СЗО и УНЕСКО ја подобруваме благосостојбата на учениците

 

Шаќири: Одговорниот однос кон здравјето се учи од најрана возраст, заедно со СЗО и УНЕСКО ја подобруваме благосостојбата на учениците

 

Градењето на свест кај учениците за здрав начин на живеење и стекнувањето знаења кои водат кон формирање психички, социјално и физички здрави личности, способни да се грижат за своето здравје и за здравјето на другите, во рамки на системот на образование на Република Северна Македонија, е системски засновано. Новата иницијатива на СЗО и УНЕСКО, што има за цел секое училиште да биде училиште кое го промовира здравјето е добредојдена, затоа што овозможува натамошно унапредување на работата на училиштата и подобрување на благосостојбата на децата од училишна возраст, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето на заедничката работилница со Министерството за здравство и Канцеларијата на СЗО во Скопје на која беше презентиран и потврден планот за имплементација на пилот-проектот во неколку основни училишта.

Заштитата на здравјето е пресудно за севкупниот развој на државата и затоа, како што посочи Шаќири, примарно е децата од најрана возраст да бидат во средина каде се развиваат позитивни обрасци на однесување поврзани со здравјето.

 

„Воспитно-образовните институции имаат клучна улога во усвојувањето здрави животни навики поврзани со физичкото, менталното и социјалното здравје. Актуелниот Закон за основно образование, утврдувајќи го правото на образование на секое дете, ја определува грижата за здравјето како едно од основните начела на кои се развива образованието. Со наставниот план од прво до деветто одделение, согласно новата Концепција за основно образование, предметот Физичко и здравствено образование е задолжителен за сите одделенија, со три часа неделно. Дел од темите поврзани со здравјето се изучуваат и преку задолжителниот предмет природните науки, кој исто така се реализира во сите девет одделенија“, нагласи министерот Шаќири.

Реформата на основното образование овозможува стекнување здравствена писменост и низ другите предмети, преку наставни и воннаставни активности, со вклучување на широка палета ресурси. При тоа, наставниците имаат можност преку проектни активности да го поттикнуваат и развиваат одговорниот однос кон здравјето како добросостојба. Учениците стекнуваат знаења за превентива од болести, за здрава исхрана и за потребата за физички активности, на предавања и разговори на часот на одделенската заедница, со стручната служба, одделенските раководители и со надворешни стручни лица. Исто така, Програмата за унапредување на здравјето е составен дел на програмите за работа на училиштата.

 

Иницијативата на СЗО и УНЕСКО е заснована врз глобалните проценки за болестите и смртноста кај децата и адолесцентите кои сугерираат дека децата на училишна возраст имаат значителни потреби за унапредување на здравјето, на превенцијата и на услугите за здравствена заштита. При тоа, училиштата кои го промовираат здравјето се препознаени како стратешко средство за промовирање на позитивен развој и здрави однесувања како што се физичка активност,  рекреација и игра, урамнотежена исхрана, спречување на пушење и спречување на насилство.

[ четврток, 22 декември 2022 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar