Министерство за образование и наука

  / Конкурси / КОНКУРС за издавање на учебници во деветгодишно основно образование

КОНКУРС за издавање на учебници во деветгодишно основно образование

 

КОНКУРС за издавање на  учебници  во деветгодишно основно образование

 

Врз основа на член 14 став 1, член 15  и член 18 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/2015, 217/2015, 30/2016 и 21/2018) и согласно Правилникот за критериуми за утврдување на висината на надоместокот за пренос на материјалното авторско право за учебниците во основното и средното образование бр.22-10483/1 од 18.07.2013 година, бр.22-10483/2 од 16.09.2013 година и бр.03-6645/1 од 18.03.2015 година, Министерството за образование и наука – Педагошка служба, објавува

 

КОНКУРС
за издавање на  учебници  во деветгодишно основно образование

 

1. ОПШТИ УСЛОВИ

- Нарачател: Министерство за образование и наука - Педагошка служба

Предмет на конкурсот: Понуди за издавање по еден учебник за наставните предмети:

- Македонски јазик за III одделение во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 309.253,00 (триста девет илјади двеста педесет и три) денари.

- Албански јазик за III одделение во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 309.253,00 (триста девет илјади двеста педесет и три) денари.

- Турски јазик за III одделение во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 309.253,00 (триста девет илјади двеста педесет и три) денари.

- Српски јазик за III одделение во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 309.253,00 (триста девет илјади двеста педесет и три) денари.

- Босански јазик за III одделение во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 309.253,00 (триста девет илјади двеста педесет и три) денари.

- Математика за III одделение во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 309.253,00 (триста и девет илјади двесте педесет и три)денари.

- Природни науки за III одделение во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 276.700,00 (двестe седумдесет и шест илјади и седумстотини) денари.

- Општество за III одделение во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 276.700,00 (двестe седумдесет и шест илјади и седумстотини) денари.

1.1. Право на учество на Конкурсот имаат авторите кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.

1.2. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот ракопис за учебник се докажува со шестиот примерок на истиот.

1.3. На конкурсот може да учествува автор на ракопис за учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет.

1.4. Автор на учебник не може да биде лице вработено во Министерството за образование и наука, во органите во состав на Министерството, во Центарот за стручно образование и обука, во Центарот за образование на возрасни, претседател и член на Националната комисија и член на рецензентската комисија.

1.5. Ракописот за учебник се изработува според наставниот план и програми за соодветното одделение, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.6. Ракописот за учебник треба да ги исполнува условите и стандардите согласно со Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.7. Ракописот за учебник се доставува во печатена форма во 5 (пет) ликовно и  графички разработени и јазично уредени примероци (3 примероци во боја и 2 црно бели), изработени според наставниот план и програми за соодветното одделение, предмет и Концепцијата за учебник за основно и за средно образование.

1.7.1. Ракописот за учебник не смее  да содржи  фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица за  кои авторите  немаат овластување за користење.

1.8. Ракописот за учебник се доставува и во електронска форма (USB) во која сликите, графиконите и илустрациите треба да бидат разработени во резолуција од 300 dpi.

1.9. Авторите, ракописите за учебници ги доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, a ракописите за учебниците за предметите aлбански јазик , турски јазик, српски јазик, босански јазик ги доставуваат на јазикот и писмото на кои се изведува наставата

1.10. Министерот и авторот на учебникот склучуваат договор за пренос на материјалното авторско право во кој се утврдуваат меѓусебните права и обврски.

1.11. Ако авторот на учебник на конкурсот понудил учебно помагало (работна тетратка, вежбанка и сл.) истото го приложува во електронска форма во ист број примероци како печатената верзија, согласно член 15 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование, и е должен да го отстапи без пренос на материјалното авторско право согласно член 18 став 2 од Законот.

2. РОКОВИ

2.1 Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со  13.02.2023 година.

3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

3.1. Конкурсната документација ги содржи: Наставниот план и програма за соодветното одделение, предмет, Концепцијата за учебник за основно и средно образование и Законот за учебници за основно и средно образование.

3.2. Конкурсната документација може да се преземе во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, 13 кат , канцеларија 1311 или на следните линкови:   

www.bro.gov.mk;

https://www.unicef.org/northmacedonia/media/2786/file/MK_EQE_MethodologyTextbooksReview_2010_MK.pdf;

https://mon.gov.mk/stored/document/Zakon%20za%20ucebnici%20za%20osnovno%20i%20sredno%20obrazovanie-pdf.pdf

4. ДОСТАВУВАЊЕ РАКОПИСИ ЗА УЧЕБНИЦИ
 
4.1. Понудите за ракописи за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со доставување во Архивата на Министерството за образование и наука - Педагошка служба   ул „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, приземје.

4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено ,,НЕ ОТВАРАЈ,, и ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ,, насловот на учебникот, одделението, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје

4.3. Авторите на ракописи на учебници во доставениот пакет на кој пишува ,,НЕ ОТВАРАЈ,, треба да достават и затворен плик на кој исто пишува „НЕ ОТВАРАЈ„, со следните податоци и документи: точно име и презиме на авторот/ите, адреса на живеење, телефонски број, институција во која се вработени, уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование, изјава од лекторот за јазично уредување на текстот и потврда за положен испит за лектор (оригинал или заверена на нотар), изјава дека ракописот за учебник не содржи фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица   за  кои авторите  немаат дозвола за користење.

4.4. Доколку името и презимето на авторот во пријавата се разликуваат од името и презимето наведено во уверението или дипломата за завршено соодветно образование, се приложува соодветен доказ за истоветноста на податоците.

4.5. Пликот ,,НЕ ОТВАРАЈ,, се отвора по одобрување на шифрите на ракописите за  учебници.

4.6. Материјалите под точка 4.1., 4.2., 4.3. и 4.4. се доставуваат во затворен пакет на кој е запишано само ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИК,, и насловот на учебникот, адреса - Министерство за образование и наука - Педагошка служба, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје.

5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

5.1. Понудите за ракописи за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и оние што не се изработени согласно условите на овој Конкурс, ќе бидат дисквалификувани.

5.2. Министерството за образование и наука врши стручна редакција, превод,  графичко и техничко уредување, печатење и дистрибуција на одобрените учебници.

 

 

 

 

 

 

 

 

[ среда, 07 декември 2022 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar