Министерство за образование и наука

  / Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК / Кои беа активностите на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21 во месец септември, 2022 година

Кои беа активностите на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21 во месец септември, 2022 година

 

Билтен септември 2022

 

Една виртуелна мисија на експертите, една обука и состанок на Управниот комитет се одржаа во септември. Дополнителна мисија која беше посветена на  финализирање на Прирачникот за Методологија и процедури за обезбедување квалитет за нови корисници за Агенцијата за обезбедување квалитет во високото образование (Одборите) и оние институции кои работат во делот на ВО и СОО беше спроведена во септември. Беше потребно повеќе време да се земат во предвид повратните информации на корисниците и барањето да се вклучат дополнителни информации во Прирачникот, како на пример дефиниција на независноста на високообразовните институции, признавање на неформалното образование, итн. како и појаснување на некои концепти кои се користат во Прирачникот. Последната верзија на Прирачникот ќе биде преведена на македонски јазик и проследена до сите релевантни институции: провајдери на СОО и ВО, тела одговорни за управување со НРК и со процесите за обезбедување квалитет во ВО и СОО.

 

 

 

Во периодот од 25 септември до 1 октомври се одржа активност 1.2.2 Обука за вработени (сите кои се вклучени во процесот на обезбедување на квалитет во високото образование) во врска со методологијата и процедурите за обезбедување квалитет на НРК. Во склоп ана оваа мисија беше одржана дводневна обука каде беа обучени повеќе од 30 учесници од различни институции како Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Одборите за акредитација и евалуација, Министерството за образование и наука, Агенцијата за обезбедување квалитет во високото образование. Во текот на обуката беа разработени концепти за квалитет во високото образование и нивното значење за Северна Македонија, моменталната ситуација кога станува збор за спроведување на Стандардите и упатствата за обезбедување на квалитет во високото образование (2015) во Северна Македонија. После секоја презентација следеше сесија на дискусија, прашања, дебати и групна работа.

  

 

Следниот ден обуката се одржа во Центарот за трансфер на технологии и иновации, ИННОФЕИТ во Скопје каде се продолжи со презентации и дискусии. Се направија групни вежби каде учесниците земаа активно учество во решавање на проблемите кои беа откриени од страна на експертите по направената сеопфатна анализа на моменталната ситуација во државата. Следните теми беа разработени во текот на вториот ден: Дрво на проблем/цел; Обезбедување квалитет за Националната рамка на квалификации: спроведување на ESG како поделена одговорност; Самоевалуација според ESG критериумите; Логички рамки; Совети и најчести грешки во управувањето со промени и Препораки од експерти “Како треба да е" наспроти “Како е", како и што се следни чекори за развој на обезбедување квалитет во Северна Македонија.

 

На 21 септември се одржа состанокот на Управниот комитет со цел дискусија на постигнатите резултати и активностите кои се планираат за следното тромесечје. Раководителот на Секторот за високо образование г-дин Ахмед Ќазими ја истакна важноста на проектот и спроведувањето на препораките предложени од експертите во поглед на зајакнување на системот на високо образование во Северна Македонија.

   

 

 

 

Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК

Back to top
Close Offcanvas Sidebar