Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Учебната година за средношколците ќе заврши на 10 јуни

Учебната година за средношколците ќе заврши на 10 јуни

 

Со одлука на Владата донесена на вчерашната седница во оваа учебна година ќе има вкупно 146 наставни денови за учениците од завршната година во средното образование, додека за сите останати средношколци од другите години ќе има 160 наставни денови.

 

Тековната учебна 2021-2022 година се одвива во услови на вонредни околности. Вкупно 12 наставни денови не се одржаа поради генералниот штрајк на наставниот кадар инициран од СОНК.

 

Сепак, согласно законските можности, а во насока на навремено завршување на наставната година и полагањето на испитите од државна матура, училишна матура и завршен испит за учениците од завршните години во средното образование, Владата одлучи наставата во средните училишта да трае заклучно со 10 јуни.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar