Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници
1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.
2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:
- Македонски јазик за I одделение во деветгодишно основно образование,
- Албански јазик за I одделение во деветгодишно основно образование,
- Турски јазик за I одделение во деветгодишно основно образование,
- Српски јазик за I одделение во деветгодишно основно образование,
- Босански јазик за I одделение во деветгодишно основно образование,
- Математика за I одделение во деветгодишно основно образование,
- Природни науки за I одделение во деветгодишно основно образование,
- Општество за I одделение во деветгодишно основно образование,
- Македонски јазик за II одделение во деветгодишно основно образование,
- Албански јазик за II одделение во деветгодишно основно образование,
- Турски јазик за II одделение во деветгодишно основно образование,
- Српски јазик за II одделение во деветгодишно основно образование,
- Босански јазик за II одделение во деветгодишно основно образование,
- Математика за II одделение во деветгодишно основно образование,
- Природни науки за II одделение во деветгодишно основно образование,
- Општество за II одделение во деветгодишно основно образование,
- Македонски јазик за IV одделение во деветгодишно основно образование,
- Македонски јазик за учениците од другите заедници за IV одделение во деветгодишно основно образование,
- Албански јазик за IV одделение во деветгодишно основно образование,
- Турски јазик за IV одделение во деветгодишно основно образование,
- Српски јазик за IV одделение во деветгодишно основно образование,
- Босански јазик за IV одделение во деветгодишно основно образование,
- Математика за IV одделение во деветгодишно основно образование,
- Природни науки за IV одделение во деветгодишно основно образование,
- Историја и општество за IV одделение во деветгодишно основно образование,
- Македонски јазик за V одделение во деветгодишно основно образование,
- Македонски јазик за учениците од другите заедници за V одделение во деветгодишно основно образование,
- Албански јазик за V одделение во деветгодишно основно образование,
- Турски јазик за V одделение во деветгодишно основно образование,
- Српски јазик за V одделение во деветгодишно основно образование,
- Босански јазик за V одделение во деветгодишно основно образование,
- Математика за V одделение во деветгодишно основно образование,
- Природни науки за V одделение во деветгодишно основно образование,
- Историја и општество за V одделение во деветгодишно основно образование,
- Јазик и култура на Србите (изборен) за V одделение во деветгодишно основно образование,
3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:
- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
- да бидат наставници од основно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Пријавата може да се преземе од веб страницата www.mon.gov.mk или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 11.05.2022 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.