Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Пандемијата доведе до брзо прилагодување на образованието и ја покажа потребата за негова реформа

Шаќири: Пандемијата доведе до брзо прилагодување на образованието и ја покажа потребата за негова реформа

 

Шаќири: Пандемијата доведе до брзо прилагодување на образованието и ја покажа потребата за негова реформа

 

Пандемијата на Ковид-19 нè принуди на брзо ресетирање на воспитно-образовниот процес и ја направи повидлива потребата од негова темелна реформа и дизајнирање на таков образовен систем кој ќе биде доволно приспособлив да преживее идни глобални критични настани но и конципиран така да продуцира граѓани кои ќе живеат и работат во различни услови од овие денес. Ова го кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири на онлајн конференцијата организирана во рамки на проектот „Пристапот заснован на човекови права за време на Ковид-19 кризата” што го спроведува Институтот за човекови права со поддршка од Балканскиот труст за демократија.

 

Нагласувајќи дека и во услови далеку од вообичаените, Владата и Министерството за образование и наука изнаоѓаа решенија децата да не губат настава, министерот посочи дека паралелно се работеше на реформите на образованието. За новата Концепција за основно образование рече дека ги содржи главните препораки на меѓународните и домашните експерти какво треба да биде современото образование. 

 

„Со новиот концепт на основно образование, што од оваа учебна година се реализира во прво и четврто одделение, а следните години етапно ќе се проширува, остануваме посветени на јакнење на образованието како општо добро, образование во кое нема место за дискриминација и нееднаквост, а децата учат дека основни вредности се почитување на човекови права, толеранција, мултикултурализам и почитување на различностите. Го унапредуваме и инклузивното образование, а поттик за поголемо вклучување на децата со посебни образовни потреби во редовната настава е внесувањето на буџетско финансирање на 500 образовни асистенти од оваа учебна година“, рече министерот Шаќири, додавајќи дека почитувањето на правото на образование на децата со атипичен развој се постигнува   и преку зголемување на пристапноста до образовните објекти, преку воведување прилагодени образовни содржини, соодветни наставни приоди, како и достапноста на материјалите за учење во дигитална и аудио верзија и на Брајово писмо. 

 

Министерот Шаќири наведе дека огромниот дел од наставниците изминативе две години покажаа разбирање за условите во кои учениците ја следат наставата на далечина, брзо се извештија во користењето на компјутерите и беа први сојузници на децата не само во учењето, туку и во справувањето со предизвиците од социјална природа. Посебно се осврна на забрзувањето на процесот на дигитализацијата на дел од материјалите за учење и на услугитете кои ги нуди Министерството за образование и наука.

 

„Дигиталната писменост е исто толку важна колку и јазичната и колку подобри дигитални и информациски компетенции имаат младите луѓе, толку побрзо и поефективо ќе можат да се вклучат во глобалните процеси засновани на знаење и иновации“, рече министерот.

 

 

Приоритет на Министерството за образование и наука е реализирање на квалитетно образование кое е достапно за секое дете.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar