Се известуваат сите студенти кои го оствариле правото на стипендија на последниот објавен конкурс за доделување на стипендии за додипломски студии во земјата, а кои се уште немаат доставено договор за стипендија во МОН, потребно е во најкус рок да го испечатат и пополнат во три примероци соодветниот договор и да го достават преку писарницата на МОН (не мора лично) или преку пошта - бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.
Непостапувањето по оваа насока ќе значи откажување од правото на стипендија.