Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири на работен состанок со директорите на неколку образовни институции

Шаќири на работен состанок со директорите на неколку образовни институции

 

Шаќири на работен состанок со директорите на неколку образовни институции

 

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска оствари работен состанок со директорите на Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасните и Државниот просветен инспекторат на кој се разговараше за сите тековни активности и за поголема меѓуинституционална соработка во насока на обезбедување што подобар воспитно - образовен процес во државата и поквалитетни образовни услуги за граѓаните.

Шаќири ги претстави приоритетите на МОН за следниот период кои се дел од програмата за работа, најавувајќи притоа низа нови активности. Посочи и дека тоа што е започнато од неговите претходници и веќе е потврдено како ефективно, ќе продолжи да се спроведува.

 

„Важно е да обезбедиме континуитет во напорите за создавање на поквалитетен национален образовен систем. Тоа се очекува и од мене како нов министер, но и од вас како раководители на исклучително важни институции во овој општествен сегмент. Јас верувам во вашето искуство и професионалност и верувам дека сите ќе бидеме на висина на задачите кои ни претстојат. Очекувам добра координација и не само да продолжиме да ги имплементираме реформските процеси кои се започнати, туку и да дадеме дополнителен импулс на заложбите“, рече Шаќири.

Министерот истакна дека ќе инсистира доследно да се спроведува секој чекор и секоја новина содржана во програмата за работа која ја предложи до Владата, затоа што, како што рече, се работи за концепт кој гарантира подобрување на состојбите во образованието. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar