Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Во Визбегово, општина Бутел започнува да се гради целосно ново основно училиште за над 500 деца

Во Визбегово, општина Бутел започнува да се гради целосно ново основно училиште за над 500 деца

 

Во Визбегово, општина Бутел започнува да се гради целосно ново основно училиште за над 500 деца

 

Министерството за образование и наука денеска започна процес за воведување во градба на целосно ново основно училиште во населба Визбегово во општина Бутел со капацитет за над 500 ученици. Со изградбата на овој модерен училишен објект во чиј состав е предвиден и простор за рекреација и спортување, се одговара на долгогодишните потреби и барања на жителите од населбата. Со изградбата на новото училиште ќе се надополнат и потребите за економски развој на овој дел од градот. 

 

Склучен договор за изведување на градежните работи за изградба на објектот е во висина од 106.590.812,00 денари со ДДВ, а рокот за реализација на договорот се предвидува да биде 18 месеци. Вкупната површина на градежната парцела е 12.029 м2.

 

Министерството за образование и наука забрзано инвестира во осовременување на образовниот систем и квалитетно образование достапно за секое дете.

 

Изминатиот период освен во нови објекти, реконструкција и санација на постојните, за што во 2021 година беа обезбедени на 1 милијарда денари, МОН вложи во нови наставни програми, опрема, нагледни и дидактички средства и 260 нови кабинети по природни наука. Со овие инвестиции правиме трансформација на националниот образовен систем преку кој го поттикнуваме полниот потенцијал на секој ученик и ученичка. Дополнително вложуваме и во унапредување на наставниот кадар, кој е клучот за квалитетно образование, за што е обезбедена континуирана обука и поддршка.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar