Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Прв Дигитален Саем за средно стручно образование

МОН: Прв Дигитален Саем за средно стручно образование

 

МОН: Прв Дигитален Саем за средно стручно образование

 

Денеска и утре за првпат во Република Северна Македонија се одржува Дигитален Саем за средно стручно образование, на кој ќе се обрати министерката за образование и наука Мила Царовска. Околу 19.000  деветто одделенци се очекува да бидат дел од овој уникатен настан, чија основна цел е учениците навремено да се информираат за она што го нудат средните училишта во земјава, можностите за стипендирање, наставните програми, практичната настава, но и кои се придобивките и предностите од средното стручно образование.

Со Дигиталниот Саем освен што се дава поддршка на учениците и нивните родители за изборот на професијата која е важна животна одлука, се поддржуваат и училиштата, но и домашните и странски компании кои на различни начини се директно вклучени во образовниот процес.

Дигиталниот саем го организира проектот Образование за вработување во Северна Македонија и Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, со поддршка од Министерството за образование и наука и Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

[ вторник, 30 ноември 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar