Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Северна Македонија го продолжува учеството во програмите на ЕУ за образование, обука спорт и млади

Северна Македонија го продолжува учеството во програмите на ЕУ за образование, обука спорт и млади

 

Северна Македонија го продолжува учеството во програмите на ЕУ за образование, обука спорт и млади

 

Амбасадорот на Република Северна Македонија во Брисел, Агнеза Руси Поповска и Еврокомесарката за иновации, истражување, култура, млади и спорт, Марија Габриел, ги потпишаа двете Спогодби за Програмите на ЕУ ,,Еразмус+’’и ,,Европскиот корпус на солидарност’’ за новиот програмски циклус 2021-2027. Со овој чин нашата земја го продолжува своето учество во Програмите на Унијата и со тоа продолжува успешната соработка помеѓу Северна Македонија и ЕУ на полето на образование, обука, млади и спорт.

 

Со потпишувањето на договорите, се создаваат нови можности затоа што новите програми ќе бидат поинклузивни, односно со широк опфат на принципите на гриндил, дигитализација, социјална инклузија како и промовирање на учеството на младите во демократските процеси на општеството. Програмите се поддршка за приоритетите и активностите поставени во рамки на Европската образовна област, Акцискиот план за дигитално образование и Агендата за европски вештини. Програмите исто така даваат потпора на Европскиот столб на социјални права, a овозможуваат и имплементација на Стратегијата за млади на ЕУ (2019-2027).

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar