Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Го јакнеме средното стручно, 1.400 ученици избираат да учат во дуалните стручни паралелки

Царовска: Го јакнеме средното стручно, 1.400 ученици избираат да учат во дуалните стручни паралелки

 

Царовска: Го јакнеме средното стручно, 1.400 ученици избираат да учат во дуалните стручни паралелки

 

Наш главен приоритет како Влада и како министерство е да го унапредиме, но и да ја зголемиме атрактивноста на средното стручно образование на што веќе засилено работиме. Токму во таа насока е и регионалниот проект „Училиштето се среќава со компаниите“ кој денеска успешно го завршуваме, со промовирање на првите училишни координатори, од средните стручни училишта, коишто ја поминаа обуката и од кои очекувам со знаењето што го стекнаа и ентузијазмот што го поседуваат, да им бидат голема помош како на училиштата, наставниот кадар и учениците, така и на компаниите каде ќе се спроведува практичната работа. Ова го истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска на настанот на кој беа доделени сертификати на учесниците.

Проектот „Училиштето се среќава со компаниите" се реализираше со финансиска поддршка од OeAD – Агенција за образование и интернационализација на Австрија и се совпаѓа со политиките на МОН за јакнење на средното стручно образование.

„Сето ова верувам дека ќе резултира со поголем број ученици вклучени во стручното, посебно во дуалното образование, поефективно учење во самите компании и конечно, намалување на јазот меѓу понудата на стручен кадар и потребите на пазарот на трудот. Секој проект со кој се унапредува средното стручно образование е добредојден. Посебно вакви, со кои се овозможува поуспешно вклучување на повеќе компании во образованието низ работа. Упатувам благодарност до Амбасадата на Австрија, австриската Агенција и до Волонтерскиот центар за успешно реализираните активности, кои се во интерес на учениците и на развојот на квалитетно образование во стручните училишта”, рече Царовска.

Министерката потсети дека дијалот „Учи паметно, работи стручно“ што МОН го реализираше заедно со локалните самоуправи и бизнис секторот, ги даде посакуваните резултати.

„Во учебната 2021/2022 година за 6% е зголемен бројот на ученици запишани во стручните технички училишта. Со запишани 1.400 ученици оваа учебна година отворени се 97 дуални паралелки, а минатата година имавме само 11. МОН ги промени и политиките за стипендирање. За учениците запишани во дуално образование се исплаќаат стипендии во месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината’’, рече Царовска.

МОН продолжува со процесот на јакнење на средно стручно образование и следниот период за што е предвидено низ дијалог со реалниот сектор да се утврдуваат потребите струки. 

[ вторник, 12 октомври 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar