Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Известување за студенти кои аплицираат за сместување во студентски домови

Известување за студенти кои аплицираат за сместување во студентски домови

 

Министерството за образование и наука ги известува сите студенти кои аплицираат на конкурсот за сместување во студентски домови за студиската 2021/2022 година, при поднесување на апликацијата (електронски или хартиено) НЕ треба да уплатуваат административна такса. Направена е измена на „Правилникот за образецот на барањето за сместување во студентски дом и образецот на барањето за добивање стипендија“, спогласно која апликантите се ослободени од оваа обврска. 


Сите останати одредби од конкурсот за сместување во студентски домови кои се однесуваат на потребната документација, условите, критериумите и роковите за аплицирање, остануваат непроменети.
 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar