Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска:Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

Царовска:Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

 

Царовска:Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска во разговор за „360 степени“, вели дека истражни органи ќе треба да утврдат на кој начин од 2014 наваму се правеле набавките на учебниците со кои се давало екслузивитет на одредени издавачи. 

„Оваа година многу транспарентно се обидовме да ги собереме сите потребни податоци на кој начин од 2014 до денес се откупувале учебниците и каков квалитет на учебници имаме. Ова го направивме во насока на транспарентно добивање информации потребни за МОН и за граѓаните, а компаниите кои се јавија на јавна набавка се најдоа затечени. Не сакаа да ги дадат податоците коишто ги баравме, затоа формиравме Комисија којашто министерот има право да ја формира за да се добијат потребните податоци. Од 2014 ги отворивме сите записници, сите одобренија за употреба на учебници, како се воделе постапките. Комисијата има детални записници, наоди и заклучоци и препорачува бидејќи ние не сме истражен орган, тие записници да се предадат на надлежните истражни органи и да се види како е дојдено до тие одобренија за употреба на учебници“, рече Царовска.

Министерката истакна дека Комисијата утврди дека во определен број записници за одобренија за учебниците се гледа дека едни учебници имаат повисоки поени од други учебници, а предлогот за одобрение се дава на оние со пониски поени, нешто што треба да го истражат надлежните органи.

Царовска појасни дека Кембриџ учебници не се Кембриџ учебници, туку адаптиран учебник по програма Кембриџ. 

„Тие учебници се адаптирани по програма Кембриџ и тоа го покажува првото одобрение (ендорсмент за Кембриџ) кој што го имале, но во постапката го немале, го обезбедиле дополнително. Дали биле усогласени или не оставаме да утврдат надлежните органи. Затоа што некои учебници се делумно усогласени, а некои се целосно усогласени со Кембриџ програмата и тука се тие бодувања од 11 до 15 поени итн... И се гледа дека се избрани учебници кои се делумно, а не целосно усогласени. Сметам дека надлежните треба да го испитаат тој дел од првите одобренија за употреба на учебници, затоа што продолжението на употреба на учебници се гледа дека е на барање на наставниот кадар затоа што имало технички грешки кои биле утврдрни во учебниците“, вели Царовска.

Исто така, вели Царовска препорака на Комисијата е да се оди со ново законско решение, или да се допрецизира постојното законско решение каде ќе се утврдат повеќе аргументи за квалитетот на учебници кои задолжително ќе се бараат на оние коишто ги продаваат, односно од оние од коишто ги откупуваме учебниците.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar