Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендија на Владата на Федерацијата Валонија - Брисел

Стипендија на Владата на Федерацијата Валонија - Брисел

 

Амбасадата на Белгија во Софија известува дека Wallonie-Bruxelles-International доделува стипендија со која на идните професори по француски јазик им се овозможува да го усовршат францускиот јазик, на Католичкиот универзитет во Луван.

 

Курсот е во организација на Католичкиот универзитет во Луван, и ќе се одржи on-line, во периодот од 26 јули до 13 август 2021 година.

 

Подетални информации за курсот може да се добијат на веб страницата: www.wbi.be.

 

Апликацијата за учество треба да се достави преку Министерството за надворешни работи до Амбасадата на Белгија во Софија, најдоцна до 31 мај 2021 година.

 

Контакт лице во МНР е Анита Шојлева, началник на одделението за едукација и обука, anita.sojleva@mfa.gov.mk

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar