Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

 

Врз основа на член 24-а од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 37/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 118/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.229/20) и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование бр. 19-2249/1 од 05.03.2013 година,бр.20-2928/1oд02.03.2017 година,бр.13-5583/1 од 29.03.2021 година и бр.13-5583/2од31.03.2021 година,Министерството за образование и наука објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

Министерството за образование и наука објавува Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование и тоа за:

1.Општо образовни предмети:

- албански јазик и литература;

- турски јазик и литература;

- германски јазик;

- руски јазик;

- италијански јазик;

- класични јазици;

- историја;

- филозофија;

- бизнис и претприемништво;

- бизнис;

- спорт и спортски активности;

- музичка уметност/култура;

- ликовна уметност;

- педагогија;

- психологија;

-вовед во право;

- менаџмент;

- логика;

- етика;

- економија;

- информатика, информатичка технологија и програмски јазици.

 

2.Стручните предмети од следните струки:

- градежно - геодетска струка;

- геолошко - рударска;

- графичка струка;

- економска – правна и трговска струка;

- здравствена струка;

- струка лични услуги;

- текстилно – кожарска струка;

- угостителско - туристичка струка;

- шумарско –дрвопреработувачка струка;

- хемиско – технолошка струка;

 

3.Стручни предмети  од уметничко образование за:

- балетска уметност;

- ликовна уметност и дизајн.

 

На овој Јавен повик право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите и да обезбедат организирање на натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици.

Со поднесувањето на Образецот на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во средното образование,здруженијата на наставници треба да достават:

  1. Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на РепубликаСеверна Македонија,
  2. Тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар на РепубликаСеверна Македонија,
  3. Биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадени одЦентрален регистар на Република Северна Македонија,
  4. Статут на здружението на наставници,
  5. Правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници,
  6. Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во средните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предметивременскиот период зареализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени воорганизацијата и реализацијата на натпреварите.

Доколку на Јавниот повик се пријават две или повеќе здруженија кои ги исполнуваат условите согласно член 24-а од Законот за средното образование, Комисијата за акредитација на здруженија на наставници одлучува врз основа на дополнителни критериуми и тоа:

-      број на наставници кои членуваат во здружението,

-   број на наставници од здружението коишто како ментори учествувале на меѓународни натпревари/олимпијади и

-      добиените награди за освоени места на меѓународни натпревари/олимпијади каде што ментори биле наставници од здружението.

Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени во предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.

За организирање на натпреварите се акредитира едно здружение на наставници по одделен наставен предмет, односно областза период од три години сметано од датумот на издавање на Решението за акредитација.

 

Здружението на наставници може да издаде само една диплома за освоено прво, второ или трето место на ученик кој учествувал на државен  натпревар по одделен  наставен  предмет, сроден предмет или област, пофалница на наставникот-ментор, а за останатите учесници може да издаде уверение за учество на натпреварот.

Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Јавен повик во писарницата на Министерство за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar