Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Конкурс за доделување стипендии за академски студии од прв циклус во странство за академската 2021/2022 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од прв циклус во странство за академската 2021/2022 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 49 став 2 од („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19, 248/20 и 302/20), и Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство (“Службен весник на Република Македонија” бр. 220/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.48/21), Министерството за образование и наука распишува

К  О  Н  К  У  Р  С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ПРВ ЦИКЛУС ВО СТРАНСТВО ЗА АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

            Министерството за образование и наука за академската 2021/2022 година ќе додели стипендии за додипломски студии од прв циклус во прва година на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно стипендии за додипломски студии од прв циклус во прва година од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката на еден од првите сто рангирани универзитети, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

 

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

 

            Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

1.      Да  има завршено соодветно средно образование, при тоа до денот на пријавувањето да остварил успех во средно образование од најмалку просечна оцена 4.50 од сите предмети во текот на средното образование, а доколку учи средно образование во странство, да остварил еквивалентен просечен успех од најмалку просечна оцена 4,50 од сите предмети во текот на средното образование;

2.      Да е примен на додипломски студии од прв циклус за прв пат во прва година во академската 2021/2022 година на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финасиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет;

3.      Да  има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата,

4.      Да не е корисник на стипендија од друг давател,

5.      Да е државјанин на Република  Северна Македонија.

 

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

·        Пријава

·        Свидетелства за завршени I, II, III и IV година од средно образование, и/или потврда за запишана IV година, а дипломата за завршено средно образование и постигнатиот успех дополнително да се достави при потпишување на договор (заверени на нотар),

·        Доколку кандидатот за доделување на стипендија средното образование го има завршено во странство да се достави доказ за извршена нострификација од страна на Министерството за образование и наука,

·        Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на додипломски студии од прв циклус во академската 2021/2022 година: од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите и висината (цената) на уписнината,

·        Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје), освен за кандидатите кои дел од своето средно образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата,

·        Своерачно потпишана изјава, под морална и кривична одговорност, дека кандидатот не е корисник на стипендија за додипломски студии од прв циклус од други даватели (заверена на нотар),

·        Мотивациско писмо;

·        Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување на исплатените средства;

·        Уверение за државјанство на Република Северна Македонија

            Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за додипломските студии од прв циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

            Уверението за државјанство на Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука по службена должност го обезбедува од надлежниот јавен орган, согласно член 49, став 7 од Законот за студентскиот стандард.

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

            На корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 УСА долари годишно, исплатени во соодветна валута, според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на објавувањето на овој конкурс, еден авионски билет на почетокот на студиите, еден авионски билет по завршување на студиите или еден повратен авионски билет, а месечната стипендија се исплаќа согласно Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство за академската 2021/2022 година на прв циклус на студии (врз основа на Листата на индекси на малопродажни цени за животни трошоци, која е објавена од надлежните органи на Организацијата на Обединетите Нации).
              Секој износ над горенаведената сума за уписнина е на товар на студентот.

IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

            1.    Избраниот кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Северна Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Северна Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудено соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Северна Македонија.


            2.   Кандидатот ќе бидат ослободен од обврската да се врати во Република Северна Македонија по завршувањето на студиите доколку во рок од три месеци од дипломирањето се вработи во компанија од Fortune top 500 листата во странство. Во ваквите случаи тој може да остане во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што е обврзан да се врати во Република Северна Македонија и да ја одработи обврската специфицирана во точка 1 погоре.


            3.   Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите, да не се врати во Република Северна Македонија и не ја исполни обврската од точка 1, потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ десетпати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите.

 

 

V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

 

            Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академски стипендии за студии од прв циклус во странство е најдоцна до 15.09.2021 година.

            Документите да се достават на адреса или во писарницата на Министерството за образование и наука ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од прв циклус во странство)

            Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

            Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

 

ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОНКУРС

 

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar