Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Соработката меѓу средното стручно и компаниите е двонасочен процес, сите добиваат од него

Царовска: Соработката меѓу средното стручно и компаниите е двонасочен процес, сите добиваат од него

 

Царовска: Соработката меѓу средното стручно и компаниите е двонасочен процес, сите добиваат од него

 

Консултациите со претставниците на средните стручни училишта, компаниите и локалните самоуправи денес продолжија во Општина Берово, каде присуствуваа и градоначалниците на Македонска Каменица, Пробиштип и Делчево. На средбата министерката за образование и наука Мила Царовска, уште еднаш ја истакна потребата од блиска соработка помеѓу стручните училишта и компаниите, напоменувајќи дека само со заедничка визија и реализација на средното стручно образование добиваат сите учесници.

„Учениците добиваат феријална пракса со што одблизу се запознаваат со дејноста и струката која ја изучуваат, додека компаниите имаат можност да регрутираат кадар, по завршување на средното образование и со тоа да овозможат непречен развој на производството и усугите, а со тоа да придонесат и за намалување на невработеноста во земјата“, истакна министерката Царовска.

Досега од спроведената анализа, 85% од компаниите во земјава, изразија желба и подготвеност за соработка со средните стручни училишта.

[ понеделник, 22 февруари 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar