Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Атрактивно стручно образование за подобра иднина на младите

Царовска: Атрактивно стручно образование за подобра иднина на младите

 

Царовска: Атрактивно стручно образование за подобра иднина на младите

 

 

Средното стручно образование мора да го направиме да биде поатрактивно, интересно и да го привлекува поголемиот број на ученици од една генерација која завршува деветолетка, да одбираат стручни училишта. Затоа што, овој тип на образование нуди поголема веројатност за вработување на соодветно работно место по добивањето на дипломата и солиден личен приход. Едноставно, стручноста и занаетот им гарантираат сигурна иднина на младите.

 

Ова беше истакнато на денешната средба во Битола за идентификување на новите профили во стручните училиштана на која присуствуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, локалните компании, претставници од стопанските комори, средните стручни училишта и битолската градоначалничка Наташа Петровска и Марјанче Стојановски, градоначалник на Демир Хисар.

 
„Преку овој дијалог што се одвива овој месец под мотото – „Учи паметно, работи стручно“, имаме идеја како Министерство за образование и наука да поттикнеме доверба и дијалог помеѓу училиштата и реалниот сектор, заради тоа што на тој начин тие воспоставуваат заеднички систем на образование и подготовка на идните кадри кои треба да бидат вработени во компаниите, но исто така и со навика за работа и следење на културата и динамиката на работа во компаниите. Заради тоа што, навистина е значајно да преку образовниот систем во училиштата тие добијат знаења, но исто така треба во компаниите да се навикнат на работниот процес“, рече Царовска.

 

Министерката додаде дека во дуалното образование коешто постои во нашата држава во најголем дел се вклучени компании кои се странски инвестиции, но се повеќе се охрабруваат и домашни македонски компании, што особено радува.

 

„На овие средби ги поттикнуваме и помалите компании оние коишто имаат по неколку вработени да може да вклучат по еден двајца ученици и со помош на стопанската комора да оспособат ментори во компаниите и да се вклучат во отворање на дуални паралелки, или оние паралелки коишто во четвртата година од образовниот процес имаат се поинтензивно учество во работниот процес. На тој начин компаниите добиваат можност да поподготвен кадар стигнува на нивните работни места, а да не трошат време и енергија една година од вработувањето да го оспособат работникот за да стане продуктивен. На овој начин обезбедуваме квалитетно образование, но исто така подготвуваме кадар којшто потоа ќе биде лесно вработлив“, рече Царовска.

Двајцата градоначалници на средбата изразија задоволство од социјалниот дијалог што се води на локално ниво за една ваква значајна тема и истакнаа дека целосно ќе се вклучат во воспоставувањето на соработката помеѓу компаниите и стручните училишта во нивните општини.


Целиот овој процес е поддржан и е во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar