Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Ги прилагодуваме профилите од средно стручно на потребите на компаниите

Царовска: Ги прилагодуваме профилите од средно стручно на потребите на компаниите

 

Царовска: Ги прилагодуваме профилите од средно стручно на потребите на компаниите

 

Профилите кои ќе се изучуваат во средното стручно образование ги прилагодуваме на потребите на реалниот сектор, со што го осовременуваме образованието. Истовремено ги менуваме политиките за стипендирање на учениците од техничките струки ќе го поттикнеме изборот токму на оние профили кои ќе им овозможат поголема вработливост на младите. Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Крива Паланка каде продолжија средбите со компаниите, средните училишта и претставници од локалните самоуправи.

“Целта на овие средби е заеднички да ги идентификуваме профилите кои ќе се отворат во средните стручни училишта уште од идната учебна година според потребите на реалниот сектор. На овој начин го обезбедуваме потребниот кадар којшто е важен за развој, но и за економијата на локално и на регионално ниво”, рече Царовска.

Министерката истакна дека со средбите се постигнува успешна соработка помеѓу компаниите и стручните училишта. Како резултат на овие консултации некаде ќе се отворат дуални паралелки, а некаде ќе се интензивира феријалната пракса со присуство на учениците во самите компании.
На средбата присуствуваа претставници од реалниот сектор од Крива Паланка и Кратово, директори од средните стручни училишта од овие два града и градоначалниците на Крива Паланка и Кратово Борјанчо Мицевски и Љупчо Бојаџиев.

Двајцата градоначалници изразија задоволство за средбата и истакнаа дека локалните самоуправи се значаен фактор во јакнењето на соработката помеѓу компаниите и стручните училишта.

Овие средби ги организира Министерството за образование и наука под мотото “Учи паметно, работи стручно”, со поддршка на Швајцарската амбасада.

[ среда, 17 февруари 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar