Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Целосно променет начин и забрзана динамика на исплата на ученичките и студентските стипендии

МОН: Целосно променет начин и забрзана динамика на исплата на ученичките и студентските стипендии

 

МОН: Целосно променет начин и забрзана динамика на исплата на ученичките и студентските стипендии

 

Во последниот квартал на 2020 година, Министерството за образование и наука изврши целосна промена на начинот и динамиката на исплата на средствата за ученички и студентски стипендии. Повеќе нема доцнење на исплатата, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото.

Новите добитници на стипендии за учебната, односно академската 2020/2021 година, како и оние корисници кои го продолжиле правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите години, веќе ги добија средствата – три месечни износи кои им следуваа за 2020 година.

Оваа воспоставена динамика на редовна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму, а тоа е многу важно за оние кои ги исполниле условите и го оствариле правото. Сепак, се работи за средства кои значат поддршка и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, го помагаат процесот на образование и претставуваат мотивација за младите во текот на учењето.

Раководството на МОН уверува дека унапредувањето на ученичкиот и студентскиот стандард ќе продолжи да биде еден од приоритетите и во новата година. Буџетот за оваа намена е креиран согласно реалните потреби на младите, на учениците и студентите и во насока на нивна стимулација за постигнување што поголеми и подобри резултати во текот на образованието.

[ петок, 01 јануари 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar