Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен оглас за рецензенти на учебници за II година средно стручно четиригодишно образование

Јавен оглас за рецензенти на учебници за II година средно стручно четиригодишно образование

 

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:


ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници
за II година средно стручно  четиригодишно образование


1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

- Македонски јазик и литература за учениците од другите заедници

- Информатика

- Математика СТРУКА/СЕКТОР: Здравствена струка/Здравство и социјална политика, Земјоделско-ветеринарна струка/Земјоделство рибарство и ветеринарство, Лични услуги, Текстилно-кожарска струка/ Текстил кожа и слични производи и Шумарско-дрвопреработувачка /Шумарство и обработка на дрво,

- Математика СТРУКА/СЕКТОР: Геолошко-рударска и металуршка/Геологија, рударство и металургија, Градежно-геодетска/Градежништво и геодезија, Графичка/Графичарство, Економско-правна и трговска/Економија, право и трговија, Електротехничка/Електротехника, Лични услуги, Машинска/Машинство, Сообраќајна/Сообраќај, трнаспорт и складирање, Текстилно-кожарска/Текстил, кожа и слични производи, Угостителско-туристичка/Угостителство и туризам и Хемиско-технолошка/Хемија и технологија

- Физика СТРУКА/СЕКТОР: Текстилно-кожарска/Текстил, кожа и слични производи, Лични услуги

- Хемија СТРУКА/СЕКТОР: Геолошко-рударска и металуршка/Геологија, рударство и металургија, Графичка/Графичарство, Лични услуги, Шумарско-дрвопреработувачка/Шумарство и обработка на дрво,  Здравствена/Здравство и социјална заштита, Земјоделска-ветеринарна/ Земјоделство, рибарство и ветеринаство

- Хемија СТРУКА/СЕКТОР. Лични услуги


3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Пријавата може да се преземе од следниот линк или да се подигне во просториите на  Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 28.09.2020 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

[ петок, 11 септември 2020 ] [ 2149 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar