Врз основа на член 50 став 1 и член 52-а став 3 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 ), член 2 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19 ) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2020 година бр. 15-8125/1 од 27.08.2020 година Министерството за образование и наука распишува:
К О Н К У Р С
за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2020 година
- Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2020 година.
- Право на поднесување на пријава за доделување на финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети-во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовити научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).
- Пријавата со пропратната документација ја поднесува субјектот кој врши научно-истражувачка дејност.
- Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:
- пополнета пријава (Пријавата можете да се симне од следниот линк или да се подигне во Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука), со потпис од овластен потписник и печат на установата, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;
- доказ дека трудот е прифатен за усна или писмена (постер) презентација од организаторот на меѓународниот научен собир;
- согласност од установата каде што е вработен кандидатот за учество на меѓународниот научен собир, со потпис од овластен потписник и печат на установата, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;
- потврда дека средствата не се подмирени од друга институција за патни трошоци и котизација;
- потврда за висината на патните трошоци и доказ за извршена исплата. Доколку кандидатот користел сопствен превоз, министерството ќе ги покрие патните трошоци во висина на повратен билет за јавен превоз – економска класа;
- потврда од организаторот дека домашниот научен истражувач учествувал на меѓународниот научен собир;
- потврда за висината на котизацијата и доказ за извршена исплата;
- апстракт од научниот труд (линк од објавениот труд);
- Изјава за користење на лични податоци
- Домашниот научен истражувач е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс. Ненавремена и некомплетно доставена документација нема да се разгледува.
6. Средствата кои се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири се пресметуваат во зависност од висината на котизацијата, висината на патните трошоци и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.
7. Домашните научни истражувачи кои се учесници на меѓународни научни собири се согласуваат:
- да се регистрирани (пред да се поднесе пријавата) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;
- да го објават научниот труд (препринт или оригиналот согласно правилата на меѓународниот научен собир), пред да се поднесе пријавата, во репозиториумот на матичниот факултет/научна установа/универзитет. Доколку установата нема репозиториум, истражувачите може да го објават трудот на други веб платформи (ResearchGate и слично) или списанија.
- трудот, исто така, треба да биде вклучен во Репрезентативната или Персоналната библиографија на авторот во националниот E-CRIS.МК систем;
Линк за E-CRIS.МК: https://e-cris.mk.cobiss.net/public/jqm/cris.aspx?lang=mac&opdescr=home&opt=1
- Пријавите и документите наведени во точка 4 на овој Конкурс почнувајќи од 31.08.2020 година заклучно со 27.11.2020 година, се доставуваат на следната адреса или во архивата на:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје
Дополнителни информации за Конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:
Едмонд Метај, канцеларија број 1408 или на телефон 02-3140-183