Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен повик за ангажирање на 35 ромски oбразовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2020/2021 година

Јавен повик за ангажирање на 35 ромски oбразовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2020/2021 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2020/2021 година, согласно член 37 од Законот за основното образование (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19),  ќе ангажира 35 ромски образовни медијатори во сите основни училишта во Република Северна Македонија. Преку мерката медијаторство во основното образование Министерството за образование и наука ќе придонесе кон унапредување на основното образование и ќе обезбеди дополнителна поддршка за учениците Роми во основните училишта.

 

I.    УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА МЕДИЈАТОРИ     

1.    Услови за избор на медијатори

Право да аплицираат на Конкурсот за образовни медијатори имаат лица од општините во Република Северна Македонија со поголем број на ученици од ромската етничка заедница: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир/Центар, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Струмица, Велес/Градско, Гази Баба, Кавадарци, Кисела Вода, Крива Паланка, Аеродором и Бутел, а кои ги исполнуваат следните услови:

а) да се невработени;
б) да се државјани на Република Северна Македонија и
в) да се припадници на ромската етничка заедница.

Министерството за образование и наука за учебната 2020/2021 година времено ќе ангажира вкупно 35 образовни медијатори во следните општини во Република Северна Македонија и тоа: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир/Центар, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Струмица, Велес/Градско, Гази Баба, Кавадарци, Кисела Вода, Крива Паланка, Аеродором, и Бутел  .

 

2.    Критериуми за избор на медијатори

а) Да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
б) Да има развиени комуникациски и компјутерски вештини (Microsoft Оffice);
в) Да има искуство од работа на терен со ромската заедница, граѓанскиот сектор, локалното население, локалните институции и училиштата и
г) Да биде препознатлив и да биде дел од заедницата во која ќе работи.

Предност при селекција ќе имаат кандидатите:

 - кои имаат сертификат за посетени обуки за медијатори со сертификати за медијаторство (предност ќе имаат лицата кои имаат посетени обуки за образовни медијатори во рамките на проектот Поддршка на интеграцијата на етничките заедници во образовниот системимплементиран од страна на Министерството за образование и наука/Управата за развој и унапредување на образованието на припадниците на заедниците во соработка со Агенција за Европска интеграција и Европски Развој од Австрија и лицата кои посетиле обуки за медијатори во рамките на РОМЕД програмата од Совет на Европа) и
      - кои говорат на јазикот на кој говори ромската заедница во општината за која се пријавува.

-       кои веќе имаат искуство во работењето како ромски образовен медијатор.

 

II.    УЛОГА, ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА РОМСКИОТ ОБРАЗОВЕН МЕДИЈАТОР

1.    Улога на ромскиот образовен медијатор

Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците.

2.    Задачите и одговорностите на медијаторот ќе бидат:

а) да работи со учениците;
б) да соработува со училиштето;
в) да работи и соработува со родителите и заедницата и да реализира редовни посети на терен и
г) да работи со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и други институции и организации.

 

III.    Место и рок за поднесување на документи

Кандидатите кои се пријавуваат согласно Јавниот повик, потребно е до Министерството за образование и наука, ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна до 28.08.2020 година да ги достават следните документи:

1.    Кратка биографија (CV);

2.    Писмо за мотивација (кандидатите на максимум две страници треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување за ромски образовен медијатор);

3.    Диплома за највисок степен на завршено образование;

4.    Две препораки од ромски невладини организации за потврда на искуството за работа со ромската заедница со назначени телефони за контакт на лицата кои ја дале препораката;

5. Потврда од Агенција за вработување за работен статус (невработеност)

6. Доказ дека се стекнал со компјутерски вештини (Microsoft Оffice) и

7.    Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата, а е во функција на потребните услови и критериуми.

 

IV.    Висината на хонорарот

За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 15.867 денари бруто за ангажман од четири (4) месеци во текот на 2020 година и шест (6) месеци во текот на 2021 година.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar