Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11,6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/2015, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/20, 78/25 и 132/25), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/14, 129/15, 146/15, 30/16 и 142/16 и 64/18) и Законот за Математичко- информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“бр. 64/18), Министерството за образование и наука врши изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија, во делот број на ученици и тоа:
1. Под реден број 30. ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „МИРКО МИЛЕСКИ“,
во сектор економија, право и трговија
зборовите:
продавач-референт за продажни услуги тур 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
се бришат и
по шестата алинеја, сектор хемија и технологија се додава нова алинеја:
сектор графичарство
-графички уредник-дизајнер тур 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 50 поени минимум
Училиштето е должно интерниот оглас да го усогласи со овој Конкурс за изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2025/2026 година.