Врз основа на член 18 став (1) и член 19 став 16 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/25 и 74/25) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува
Јавен повик
за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование
Предмет на јавниот повик:
I. Доставување барања за одобрување учебник по странски јазик во основно образование за следниот наставен предмет:
1. Француски јазик (втор странски јазик) за IX-то одделение на деветгодишно основно образование,
Барањето за одобрување учебник по странски јазик од точката I. од овој Јавен повик, може да поднесе издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапник во Република Северна Македонија, со најмногу еден учебник за одделение за еден наставен предмет за странски јазик.
II. Барање со потребната документација:
Законскиот застапник на странскиот издадвач до Педагошката служба, задолжително доставува:
1. Барање за одобрување учебник по странски јазик за секое одделение поединечно;
2. Назив на странскиот издавач и законскиот застапник на странскиот издавач;
3. Доказ за регистрирана издавачка дејност на законскиот застапник на странскиот издавач од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постар од три месеци;
4. Изјава од странскиот издавач дека е регистриран за издавачка дејност заверена на нотар и преведена од овластен судски преведувач;
5. Ако земјата во која е регистриран странскиот издавач не ги издава документите утврдени во овој јавен повик Педагошката служба прифаќа изјава што странскиот издавач ја заверува кај надлежен орган во државата во која е регистриран;
6. Овластување за застапништво на законскиот застапник во Република Северна Македонија од странскиот издавач, заверено на нотар и преведено од овластен судски преведувач;
7. Договор склучен во државата на странскиот издавач, помеѓу овластениот законски застапник и странскиот издавач дека одобрениот учебник ќе го обезбеди и дистрибуира до важноста на решението од Членот 19 став (10) од Законот за учебници во основно и средно образование, заверен на нотар и преведен од овластен судски преведувач;
8. Пет примероци од учебникот по странски јазик, во печатена форма и еден примерок во електронска форма, без дополнителни работни материјали.
Обврските на законскиот застапник на странскиот издавач се утврдени во член 21 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Севетна Македонија“ бр 3/25 и 74/25).
III. Рок за доставување на барањата за одобрување учебник по странски јазик:
Рокот за доставување на барања за одобрување учебници по странски јазици е заклучно со 28.08.2025 година.
Заинтересираните странски издавачи и законските застапници на странските издавачи наставните програми и Концепцијата за изработка на учебник може да ги превземат од веб страната на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk
Барањата кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и кои во прилог немаат комплетна документација од точката II. од овој Јавен повик, нема да бидат разгледувани.
Барањaта за одобрување учебник по странски јазик да се достават на следната адреса:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА Бул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје.