Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува сите учесници во постапката по Конкурсот бр.26-109/1 од 28.01.2025 година и Решението за изменување на Конкурсот бр.26-109/2 од 14.03.2025 година , а согласно Записникот бр. 26-876/2 од 14.08.2025 година, од седницата на Националната комисија за учебници за основно и средно образование, одржана на ден 12.08.2025 година, дека за наставниот предмет Хемија за VII одделение во основно образование донесе предлог за ракопис за учебник да биде одобрен ракописот за учебник со шифра 12, но откако ќе бидат внесени техничките забелешки на Рецензентската комисија.
Записник бр.32-2/1 од 02.05.2025 година, од Комисија за шифрирање и проверка на пристигнатата документација и Дополнување на записник од комисија за шифрирање и проверка на пристигната документација бр.32-2/2 од 20.06.2025
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ПЕДАГОШКА СЛУЖБА