Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува сите учесници во постапката по Конкурсот бр.26-126/1 од 31.01.2025 година и Решението за изменување на Конкурсот бр.26-126/2 од 14.03.2025 година, а согласно Записникот бр. 26-847/2 од 04.08.2025 година, од седницата на Националната комисија за учебници за основно и средно образование, одржана на ден 29.07.2025 година, дека за наставниот предмет Македонски јазик за VII одделение во основно образование донесе предлог за ракопис за учебник да биде одобрен ракописот за учебник со шифра A, но откако ќе бидат внесени техничките забелешки на Рецензентската комисија.