Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува сите учесници во постапката по Конкурсот бр.26-109/1 од 28.01.2025 година и Решението за изменување на Конкурсот бр.26-109/2 од 14.03.2025 година, а согласно Записникот бр. 26-830/2 од 28.07.2025 година, од седницата на Националната комисија за учебници за основно и средно образование, одржана на ден 23.07.2025 година, дека за наставниот предмет Граѓанско образовение за VII одделение во основно образование донесе предлог за ракопис за учебник да биде одобрен ракописот за учебник со шифра 24 но откако ќе бидат внесени техничките забелешки на Рецензентската комисија. Записник од Комисија за шифрирање и проверка на пристигнатата документација и Дополнување на записник од Комисија за шифрирање и проверка на пристигнатата документација (линк).