Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Факултетот за медицински науки во Штип ќе добие нов објект

МОН: Факултетот за медицински науки во Штип ќе добие нов објект

 

МОН: Факултетот за медицински науки во Штип ќе добие нов објект

 

Капитални инфраструктурни проекти во областа на образованието ќе се реализираат со договорот што на владинo ниво беше потпишан со Велика Британија. Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе добие модерен објект за потребите на Медицинскиот факултет. Просториите на Mедицинскиот факултет во моментов се наоѓаат на различни локации и тоа го отежнува функционирањето. 

 

Новиот објект ќе се гради на 5000 квадратни метри и ќе се опреми со современа техничко - технолошка опрема и лаборатории кои ќе ги користат професорите и студентите за практична настава, но и за научно - истражувачки цели. 

Планирана е изградба и на нов студентски дом во Штип.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar