Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Оглас за ангажирање лицe во проектната единица за имплементација на проектот за изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта

Оглас за ангажирање лицe во проектната единица за имплементација на проектот за изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта

 

Проектот изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република С.Македонија, кој се реализира во рамките на Министерството за образование и наука, има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците. Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.

Министерството за образовани и наука има потреба од ангажирање на 1 (едно) лице во проектната единица за имплементација на проектот на следнава позиција:

- Супервизор (1 лицe)

 

Минималните критериуми кои треба да ги исполнуваат лицата на наведената позиција се следниве:

I. Супервизор (1 лице):

- Високо образование – студии од областа на електроенергетика најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Електро инжинер), Најмалку минимум 7 (седум) години работно искуство во струката.

- Искуство во проектирање и изведба на фотоволтаични системи ќе се смета за предност

- Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

- Работа со компјутери (MS Office и AutoCAD)

- Возачка дозвола Б категорија

 

Покрај наведените критериуми за позицијата избраните кандидати треба да ги поседуваат следниве вештини:

- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

- Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;

- Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

- Ориентираност кон странките/засегнати страни;

- Стратешка свест;

- Висока мотивираност за остварување на зададените цели и задачи.

 

Заинтересирани лица / кандидати потребно е да достават апликација кој содржи:

- кратка биографија на македонски јазик (CV) и

- писмо за изразување интерес на македонски јазик со назнака за која позиција аплицираат

 

Кратка биографија (CV) задолжително содржи податок за бројот на стекнати ЕКТС кредити за образованието или завршен степен на образование.

 

Нецелосните апликации, како и апликациите на лицата/кандидатите кои не ги исполнуваат минималните критериуми од овој оглас се одбиваат.

 

Апликациите треба да се достават најдоцна до 05.05.2025 година на mail marija.zafirova@mon.gov.mk

 

Министерството за образование и наука го задржува правото на интервју со потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат минималните критериуми.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar