Врз основа на член 18 став (2) од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија” број 3/25) Министерството за образование и наука -Педагошка служба, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
за изменување на ЈАВНИОТ ПОВИК за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за I (прва) година гимназиско образование заверен под арх.бр. 26-340/1 објавен на ден 04.04.2025 година
1. Во Јавниот повик за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за I (прва) година гимназиско образование заверен под арх.бр. 26-340/1 објавен на ден 04.04.2025 година, во точка III рокот за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за I (прва) година гимназиско образование предвиден до 05.06.2025 година се менува и гласи заклучно со 09.06.2025 година.
2. Барањата кои нема да бидат доставени во утврдениот рок, нема да бидат разгледувани.
3. Ова Решение стапува на сила со неговото донесување.
Правна пука: Против ова Решение може да се поднесе жалба до Државната комисја за одлучување во управна постапка и постапка од работеен однос и инспекциски надзор во втро степен, во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението.