Министерството за образование и наука известува за можност за аплицирање за стипендија во рамки на Летната истражувачка програма на Република Турција. Студентите кои студираат на прв циклус на студии во својата матична земја, може да се пријават за спроведување на истражување од 7 јули до 28 август 2025.
Пријавувањето за стипендија трае од 26 март до 22 април 2025 година.
Подетални информации за критериумите и условите за остварување на правото на стипендија можат да се обезбедат на следнииот линк: https://pure.sabanciuniv.edu/announcements/pure-summer-24-faq